Гласањето беше отворено од 01 декември до 24 декември 2025 година
Избери го омиленото кафуле од паѓачкото мени, внеси ја твојата е-пошта и поддржи го вкусот што најмногу го сакаш.
📩 Секој може да гласа до три пати – за различни кафулиња низ Македонија.
☕ Нема купување, нема услови – само твојот избор значи сè!
Организатор на изборот за „Најдобро кафе“ е Динерс Клуб Интернационал МАК АД Скопје, со седиште на ул. Столтенбергова бр. 4, лок. 5, Скопје, со ЕМБС 4456700 („Организатор“).
Целта на ова игровно искуство, во форма на натпревар е преземање на иницијатива со цел да се поддржи локалната кафе – култура, да се поттикне креативноста на кафулињата и нивните мајстори за кафе, со можност гостите да бидат директно вклучени во изборот за најдоброто кафе.
Право да учествуваат имаат сите кафулиња, низ цела Република Северна Македонија со пријавување преку посебна лендинг страна, креирана за настанот.
При пополнување на пријавата, кафулето треба да пополни податоци за:
Со пополнување на пријавата за учество, кафулето се согласува, Организаторот да ги користи неговите фотографии и логото од социјалните мрежи кои ќе бидат споделени или пратени по е – маил адреса, како и да соработува во промотивните активности преку социјалните мрежи.
Со пополнувањето на пријавата за учество, кафулето се согласува е – маилот да биде користен за целите на директен маркетинг.
Периодот за пополнување на пријавување ќе биде од 14.11.2025 година до 28.11.2025 .
Организаторот го задржува правото да ја одбие пријавата за учество доколку:
По завршување на периодот за пријавување, на платформата ќе се отвори можноста за гласање за најдобро кафе.
Гласањето ќе биде во период од 29.11.2025 година заклучно со 14.12.2025 година, преку веб – страната kafesodiners.mk/glasaj/#voteсо избор на кафуле од паѓачко мени, со оставање на е – маил адреса, а секој корисник може да гласа до најмногу 3 пати за различно кафуле.
За можноста за гласање не е потребно купување на кафе, ниту пак исполнување на друг услов.
По завршување на периодот на гласање, по пребројување на гласовите, кафулето со најмногу освоени гласови ќе биде прогласен за победник.
Во случај на еднаков број на гласови, Организаторот ќе ја подели наградата на двете кафулиња по еднаков износ.
Кафулето со најмногу освоени гласови, ќе добие парична награда во износ од 1.000,00 евра, пресметани во денарска противвредност, која ќе биде исплатена во рок од 10 (десет) работни дена од денот на завршување на периодот за гласање.
Наградата не може да биде пренесена на друг субјект, ниту пак да се замени со друга.
Организаторот ќе ги објави резултатите јавно на својата веб страна www.diners.mk и на социјалните медиуми.
Организаторот го задржува правото да провери и во случај на неважечки или злоупотребени гласови истите да ги поништи.
Кафулето со најмногу освоени гласови, ќе ја добие наградата врз основа на договор за доделување на награда, во согласност со важечките закони.
Организаторот ќе издаде соодветна документација за исплатата и истата ќе ја пријави односно евидентира како што е потребно.
Организаторот ги собира и обработува личните податоци, во согласност со законот за заштита на лични податоци.
ДИНЕРС КЛУБ ИНТЕРНАЦИОНАЛ МАК АД СКОПЈЕ
ул. Столтенбергова бр. 4/5 (Парк Резиденс)
1000 Скопје, Р. С. Македонија
тел: +389 (0)2 15 155
е-пошта: info@diners.mk
веб: www.diners.mk
Кликни тука и дознај како можеш да станеш дел од Diners Club семејството.
© 2025 Diners Club Macedonia